Милошоски: Заев предложи заменик министер кој бил осуден за злоупотреба на положбата
Заменик Министер предложен од Премиерот Заев кој утре ја чека поддршката на пратениците претходно бил осуден за злоупотреба на службената положба, објавува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на социјалните мрежи.
„ Не толку тешка тема за истражување на новинарите:
- Кој од замениците министри предложени од Заев своевремено како инспектор ги злоупотребил своите овластувања и побарал/зел парични средства од стопанственик во неговата општина, за што бил и осуден? Дали таквите кадри се моралната поука на владата во борбата против корупцијата и дали до утре можеби овој предлог за заменик министер ќе биде повлечен?“ – пишува Милошоски на социјаните мрежи.
Предлогот за именување на заменици министри е ставен на собраниската седница закажана за утре во 11 часот.
За еден заменик министер да биде изгласан потребно е апсолутно мнозинство во Собранието од 61 глас.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени