Милошоски: За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка и од другите опозициски партии
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира скандалот кој ја тресе владата за набавка на кинеските вакцини за што и ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за здравство Венко Филипче, рече за интерпелацијата даваат поддршка и другите опозициони партии како и дека се надева дека истата многу брзо ќе се најде на дневен ред на собраниска седница.
– Интерпелацијата од министерот за здравство ја побаравме во Собранието, поддршка за интерпелацијата даваат и другите опозициони партии и се надевам дека г-динот Џафери ќе ја стави интерпелацијата што поскоро на дневен ред, затоа што цениме дека бројот на заразени, бројот на за жал починати граѓани, бројот на невработени кои што се создадоа во државата како резултат на лошото менаџирање со пандемијата и трчањето по провизии со фантом фирма од Хонг Конг наместо набавка на вакцини за имунизација на населението, се големи причини за еден министер сам да си поднесе оставка или ако не е доблесен да го направи тоа, тогаш пратениците и Собранието да му изгласаат недоверба. И ги повикувам сите пратеници од сите градови, особено оние каде што се премногу засегнати со голем број на жртви и новозаразени, и таму каде што стопанските субјекти се уште трпат сериозни последици од ова лошо менаџирање на власта, исто така да се придружат на ваквото барање да го разрешиме Филипче и да ставиме некој подобар менаџер, кој што ќе може здравството, луѓето и граѓаните да ги изведе на подобар пат и подобро да менаџира со оваа пандемија која досега нанесе многу големи штети на сите нас, нагласи Милошоски.
Изјава на Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
