Македонија
26. December 2019 - 13:25

Милошоски од говорница му одбројуваше на Заев: Уште 7 дена и доаѓа вашиот крај

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски донесе транспарент кој го постави на собраниската говорница. На него пишуваше „тик-так 7 дена“ одбројувајќи ги последните денови од неговиот мандат.
Милошоски, користејќи го својот телефон пушташе снимки на кои се слуша премиерот Заев како дава ветувања кои до овој момент се уште не се реализирани.
 
„Ова прашање Ви го поставив за да може сите да слушнат како лажете. Но имате уште 7 дена, и толку е. “ – порача Милошоски од собраниската говорница.
 
Александар Спасовски