Македонија
27. May 2021 - 11:05

Милошоски: MВР да ги прегледа снимките на хотел „Буши“, за да дознаат нешто повеќе за пријателите на Седат Пекер

МВР Спасовски, во свој одговор на пратеничко прашање тврди дека неговиот помошник Рефик Черими, задолжен за соработка со Интерпол, никогаш немал средба со Седат Пекет, турскиот мафијаш кок доби македонска патна исправа, стои во Фејсбук статусот на Антонијо Милошоски.

– Но, за јавноста да биде убедена дали некогаш имало случајна средба помеѓу Рефик Черими од МВР и Седат Пекер, нарко-босот од Турција, добро е МВР да го замоли “хотел Буши” да ги прегледаат снимките од гостите во ресторанот, од октомври 2020 година. Можеби од тие снимки ќе дознаат нешто повеќе за пријателите на Седат Пекер во Скопје. Бидејќи без високи соработници во МВР Седат Пекер не би имал шанси ниту да влезе во Македонија, а уште помалку да извади патна исправа со украден идентитет под името Џадин Амедовски, пишува тој.