Милошоски: Ќе поднесеме амандман пратеник да може да се биде само со државјанство на Република Македонија
Добро утро на сите, јас сум Антонијо Милошоски државјанин на Република Македонија, но ете мета на некои луѓе кои што немаат попаметна работа и проекти, па шират некои дезинформации. Но како и да е навикнати сме на тоа, долго време човек да биде напаѓан „ad hominem“, кога се немаат други аргументи. И гледам дека тоа вчера беше обидот на Каракачанов да фрли некоја гума за спасување на власта, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување за „Радио Лидер“.
Милошоски додаде дека такви лаги и шпекулации се случуваат кога државата е во хибриден режим, кога земјата се наоѓа на 111-то место на „Транспаренси Интернешнл“ по корупција, кога власта е фатена со фантомска фирма во Хонг Конг која има само тројца вработени а сакате да набавите 200.000 вакцини од „Синофарм“ и Кина ви го враќа авансот. Кога генералниот секретар на Влада сам си купува свои произведени софтвери. Кога една жена за жал без некој повисок статус или конекција во општеството, настрадува во Струга и вадат здрави органи, а државата за тоа молчи. И тогаш во таква земја со таква власт нормално е да пиарот на Владата да се труди да го дефокусира вниманието.
– Ниеден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема бугарски пасош, и ние во текот на овие ден – два до Собранието како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме еден амандман кој што ќе се однесува на Законот за пратеници, Законот за избори, и каде што ќе пишува дека кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија може да биде лице кое што има само државјанство на Република Македонија и нема ниедно друго двојно државјанство, рече Милошоски.
Милошоски посочи дека во тој момент ќе се види од власта кој ќе биде за, и кој ќе биде против овој амандман.
Ново на Сител
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
