Македонија
16. July 2024 - 16:46

Милошоски: Дали Габер Дамјановска фалсификувала документ?

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, се сомнева дека доскорешната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители која поднесе оставка, учествувала во фалсификување документ. Иако Управниот одбор немал одлука за писмено полагање на квалификацискиот тест, раководството на институцијата ги убедила членовите на Приемната комисија да направат распоред на тестирањето.

„Добивме одредени сознанија дека членови на Управниот одбор на Академијата негираат дека воопшто донеле таква одлука каква што стои во записникот и им е претставена на членовите на приемната комисија во Академијата.  За целата оваа работа најголемата одговорност според законот ја носи самата директорка и доколку има фалсификување на записник или негова намерна лажна интерператција пред членовите на приемната комисија, тогаш нема поодговорна личност или функционер од директорот на Академијата Габер Дамјановска“, изјави Антонио Милошоски, Потпретседател на Собрание. 

Доскорешната директорка ги негира тврдењата на Милошоски. Според Габер Дамјановска, Управниот одбор немал обврска да носи поединчени одлуки за секоја фаза од тестирањето.. Откако парламентот одобрил испитите да се реализираат на хартија, се подразбирало дека процесот на квалификација на кандидати треба да продолжи.. Според Габер Дамјановска, навредливи се написите на Милошоски со кои прашува дали таа фалсификувала записник на Управниот одбор.

„Не е потребна формална одлука, туку едноставно, нашиот јазик тоа го, нели, македонскиот јазик тоа го користи, „одлучи“, врз база на претходна констатација дека може да се продолжи со тестирањето и за тоа да ја информира комисијата за приемен испит која треба да донесе нова динамика за полагање на кандидатите. Мислам дека е ова многу злонамерна изјава и мислам дека да не беше дадена во прашална форма ќе беше подложна на  тужба за клевета“, изјави Наташа Габер Дамјановска.

Габер Дамјановска, во петокот си поднесе оставка од директорската позиција во Академијата..ж Била незадоволна што антикорупциска и управниот суд забраниле во тек на избори да се спроведуваат тестирањата за прием на деветата генерација слушатели за судии и јавни обвинители. Во меѓувреме, Аниторупционерите ги повикаа на одговорност членовите на управниот одбор на Академијата бидејќи дозволиле теститарање во ек на изборен период.