Македонија
15. February 2024 - 16:39

Милошоски: Амбасадорот на Италија со нота ги прогласил за неважечки пасошите со старото уставно име

Македонскиот амбасадор во Рим, Весел Мемеди сам ги известил италијанските власти дека македонските пасоши без новото уставно име се неважечки, иако тоа не е негова надлежност.

Со тоа направил штета на над 100.000 македонци кои живеат во Италија и опаснот да ги загубат работните места и нивниот престој во земјата. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски бара амбасадорот да биде отповикан од функцијата.

Од македонското МНР се иземаат од одговорност, велат тие не дале наредба на ниту едно дипломатско-конзуларно претставништво низ светот да информираат дека пасошите без Северна Македонија, веќе не важат и ќе бараат одговорност за овој случај.

По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации. Министерството веќе спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот, велат од МНР.

Весел Мемеди пред две години беше испратен за амбасадор во Италија.

Беше претседател на партијата НДП, пратеник и потпретседател на Собранието. Во 2019 година, си даде оставка во Парламентот со обинувања кон тогашниот премиер Зоран Заев дека без консултација го разрешил министерот за локална самоуправа, кој доаѓа од редовите на партијата на Мемеди.