Милков не дојде во бугарското Собрание, дебатата за односите со Македонија одложена
Бугарските пратеници денеска нема да дебатираат за односите со Северна Македонија затоа што министерот за надворешни работи Николај Милков не дојде во Народното собрание поради други обврски.
Расправата за Северна Македонија и, како што беше најавено, последниот физичкиот напад врз бугарски државјанин во Охрид, е тргната од дневниот ред на денешната собраниска седница.
Потпретседателот на бугарскиот парламент Росен Жељазков на почетокот на седницата соопшти дека добиле допис од МНР дека поради службено патување на Николај Милков надвор од државата, дебатата мора да биде одложена.
Предлогот за ставање на оваа точка на дневниот ред на денешната седница беше на барање на партијата Преродба и на собранискатра комисија за политики за Бугарите во странство.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Капиштец
-
Синдикатите реагираат: За нас леб 33 денари – за функционерите 1800 евра плата
-
Најмладите под маски
-
Штипските јавни претпријатија ќе ангажираат лица во социјален ризик
-
Да се развива претприемачкиот дух кај младите
-
Интерактивна едукативна изложба во Струмица
-
Трамп обвинет за давање мито на порно актерка
-
Веспрем и ГОГ го комплетираа списокот на четвртфиналисти во Лигата на шампионите