„Милка“ и „Кока-Кола“ се најдобрите глобални брендови на Балканот
„Милка“ и „Кока-Кола“ се најдобрите брендови во земјите од регионот, а Македонија е најголем „увозник“ на глобалните брендови, покажуваат резултатите на годинешното истражување на Агенцијата „Валикон“ за силата на брендовите од категоријата производи за широка потрошувачка.
Македонија е најголемиот „увозник“ на глобални брендови. Само три локални бренда се меѓу топ 10 во Македонија, но и само два регионална („Аргета“ и „Вегета“). Глобалните брендови зазеле пет позиции - „Милка“, Кока-Кола“, „Орбит“, „Нескафе“ и „Пепси“.
Истражувањето уште покажува дека Србија и Хрватска не „увезуваат“ регионални брендови, односно на листите на двете најголеми земји од регионот има домашни или глобални брендови - во Хрватска само три, а во Србија четири глобални брендови.
Хрватска е најголемиот „извозник“ на брендови, а во четири случаи хрватските брендови се меѓу топ 10 во другите земји („Вегета“ во БиХ и Македонија, односно „Цедевита“ во БиХ и Словенија). Србија има два („Смоки“ и „Јафа“ во БиХ), а Словенија еден („Аргета“ во БиХ и Македонија) претставник на листите надвор од своите пазари.
Босна и Херцеговина е најголемиот „увозник“ на регионални брендови. Пет од најдобрите десет во БиХ потекнуваат од регионот - два хрватска („Цедевита“ и „Вегета“), два српски („Смоки“ и „Јафа“) и еден словенечки („Аргета“) бренд.
Сите земји, со исклучок на Босна и Херцеговина, меѓу десетте најсилни брендови имаат локален бренд на минерална вода. „Раденска“ е трета во Словенија, а во Хрватска покрај „Јамница“ е и „Јана“ (во категоријата негазирани води). „Књаз Милош“ во Србија е на петто, а „Пелистерка“ на осмо место во Македонија. Пазарот во БиХ е фрагментиран, па брендовите за минерална вода не успеваат да постигнат поголема сила на бренд, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња