Фудбал
19. November 2015 - 9:44

„Милионерите“ бараат тешки милиони за Обамејанг

Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд одреди обештетување од 60 милиони евра за напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг, пренесе Bild.
Борусија нема намера да го продаде Обамејанг, но според Bild, за него многу голем интерес покажале Арсенал и Пари Сен Жермен.
Обамејанг  неодамна изјави дека повеќе би сакал да игра во Шпанија, отколку во Англија.
„Мојот сон е да заиграм во Шпанија. Се надевам дека тоа и ќе се случи, но не знам кога. Луѓето мислат дека Премиер лигата би била добра за мене, но мајка ми е од Шпанија и навистина ми е сон да играм таму. После тоа, може и да заиграм во Премиер лигата“, рече Обамејанг.
Тој на 16 натпревари во оваа сезона има постигнато 19 голови.