Двојката со неверување гледаше во автомобилот кој за малку ќе ги убиеше. Не е познато каде се случил инцидентот, но брзо се прошири по социјалните мрежи.
На интернет се појави снимка од една двојка која едвај извлече жива глава кога автомобил изгубил контрола и за малку ќе ги покосел.
Двојка се шетала по поплочена улица, и судејќи по се, наменета и за пешаци и за возила. Наеднаш, мажот се фрлил врз девојката во моментот кога покрај нив со голема брзина поминал автомобил.
Изгледа дека автомобилот ја зафатил ногата на мажот пред да се забие во ѕидот и да се сврти на покривот.
Двојката со неверување гледаше во автомобилот кој за малку ќе ги убиеше. Не е познато каде се случил инцидентот, но брзо се прошири по социјалните мрежи.