Живот
29. January 2016 - 18:27

„MILF“ кралицата не сака повеќе да молчи: Лиса Ан откри како навистина се снимаат порно филмовите!

Иако нејзините поранешни колеги често ја критикуваат дека после пензионирањето премногу се соживеала со улогата на светица, Лиса Ан, една од најпознатите порно актерки на сите времиња, вели дека нема намера да замолчи и дека ќе продолжи да се бори против лошите работи во порно индустријата.
 
Лиса, која веќе две децении снима филмови за возрасни, вели дека порно филмовите се, се поекстремни и насилни, што претставува голема опасност, пред се за актерките.
Големиот притисок врз девојките да се согласат за сцени во кои симулираат насилен секс и употреба на дрога, создава средина која како што вели Лиса, ги упропастува девојките.
 
- Понекогаш на снимањето ќе се запрашав: Чекај, па ова не е добра ситуација, ова не е безбедно...Таа девојка е комплетно надвор од себе, кој знае што ќе направи кога ќе заврши снимањето. Сите се како темпирани бомби, а многу од тие случаеви се заради конзумирање дрога. Ми се крши срцето кога морам да ги гледам сите нови девојки кои мораат да снимаат сцени на сексуално злоупотребување, а тоа би ја скршило секоја жена, - изјавила Лиса Ан.
Актерката не одговори на критиките како се постапува со Афроамеиканцски актери, а за крај додала дека нејзината цел е да им помогне на колегите и да се избори за нивните права за пензија и здравствено осигурување.
- Кога ме прашуваат што сакам да пишува на мојот надгробен споменик, јас одговарам, „Сакам луѓето да се сеќаваат на мене, затоа што се грижев за другите“, - завршила актерката.