-->
-->
Милевски се извини за поразот од Гибралтар
-->
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски по синоќешниот пораз од Гибралтар (1:0) ја презема одговорноста за поразот од аутсајдерот во групата.
Во изјава за официјалната интернет страница на Фудбалската федерација на Македонија,Милевски упатува извинување до целокупната спортска јавност за неочекуваниот пораз во квалификациите за ЕП во Италија.
„Нема оправдување, ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, до Федерацијата која ни ги овозможи бараните услови за работа. Со репрезентацијата ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера, а по синоќешниот пораз и најтешките моменти. Ќе повторам дека не бараме оправдување, ниту во неиграњето на Елиф Елмаз, ниту за многуте неискористените шанси за погодок. Едноставно, со или без Елмаз, ние моравме да најдеме начин да го победиме противникот. Јас сум тој кој го одредува составот и одговорноста е моја. Модерниот фудбал не трпи емоции, едноставно сурово сме казнети и мора да го прифатиме тоа. Најважно сега за оваа репрезентација е да бидеме сплотени, заедништвото одново да биде наша сила. Во изминатата година оваа репрезентација на неколку натпреварите покажа дека има потенцијал, искрено се надевам дека ќе продолжиме да бидеме одговорни како во дуелите против Црна Гора и Ерменија и нема да потценуваме противник, но и себе си“, изјавил Благоја Милевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс
-
Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
-
Уапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме
-
Њујорк Тајмс: Одлуките на Трамп ја загрозуваат целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма