Милевски: Процесот на децентрализација ќе продолжи по изборите

Децентрализацијата ќе продолжи по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Потребно е да се донесат измени на над десеттина закони, со што овој процес ќе може да продолжи, истакна денеска министерот за локална самоуправа, Горан Милевски по отворањето на сензорната соба во штипската градинка „Астибо“.
Тој забележа дека како Министерство и Влада го подготвиле документот за децентрализација, но со следните чекори ќе се почека по изборите.
– На 49 страни подготвивме документ, кој опфаќа децентрализација на институциите и зголемување на финансискиот капацитет на општините. Меѓутоа за да се направи тоа мора да се смени Законот за локална самоуправа со двотретинско мнозинство и потоа да се менуваат низа на други закони, коишто ги опфаќа базичните сфери, на пример финансии, транспорт и врски, екологија, земјоделие. Фактички тоа до распуштање на Собранието беше невозможно да се направи. Се надевам дека Владата ќе има можност по изборите да го продолжи проектот, вели Милевски.
Тој забележа дека нивниот план е дека доколку се продолжи со мандатите по 1 јуни да се имплементира проектот за децентрализација.
Прашан што со општините кои и покрај владината помош за одблокирање, повторно генерираат долгови, Милевски изјави дека факт е оти одредени локални самоуправи имаат проблеми, посебно со враќањето на долговите во образованието, но и на кредитите кои претходно се земени ненаменски.
– Навистина има проблеми, но тоа зависи и од сегашните градоначалници наменски да ги трошат средствата, коишто им ги додели Владата, но и со коишто располагаат со буџетот. Дел од градоначалниците не ги трошат средствата и им стојат на сметки, а дел да речам немаат доволно средства да ги реализираат проектите. Тоа е за жал реалноста кај нас, истакна Милевски.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата да објаснам дека дома мора да сме едногласни
-

ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната
-

Рубио му порача на својот индиски колега: Сите бродови во Ормуската Теснина мора да ги следат наредбите на САД
-

Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
