Милевски: Нова влада за 10 дена, Заев ќе ја поднесе оставката деновиве

Најавената оставка на премиерот Зоран Заев ќе биде доставена во Собранието деновиве, до средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар, а за 10 дена веројатно ќе се избере и нова влада. Ова динамика на политичката сцена по неделните избори, но и отворените дилеми дали Заев ќе се повлече дури пред нова година вечерва ја најави владиниот партнер на Заев - лидерот на ЛДП Горан Милевски. Тој не исклучи и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња.
Милевски потврди дека Заев и денеска на владините партнери им посочил дека не се откажува од одлуката за оставката поради лошите изборни резултатите. Притоа тој нагласи дека очекува да се зголемува владејачкотот мнозинство и тоа со пратениците на Алтернатива од која се чека одговор дали ја прифаќа ваквата понуда.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

По шест децении интерното одделение на струмичката болница целосно реновирано
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
