Милевски: 140 милиони евра директна годишна поддршка за домашните фирми
Претседателот на ЛДП и кандидат за пратеник во Изборната единица 5 Горан Милевски денеска ја презентираше предизборната програма „За живот во Македонија“ во Битола.
Милевски најави поддршка за домашните претпријатија, посебно за микро, малите и средни бизниси. Според „За живот во Македонија“, глобите за компаниите ќе бидат драстично помали, а испекторите најнапред ќе опоменуваат, а потоа ќе казнуваат.
- Казните ќе бидат соодветни за големината на фирмата, драстично помали од оние што се во моментот. Планираме 140 милиони евра директна годишна поддршка за домашните фирми и поддршка на фирмите за нови вработувања. Во првите 100 денови ќе се објави и план со јасни рокови за враќање на долговите од државата кон домашните фирми и навремено исплаќање на сите идни обврски, поволни кредити за отворање микро бизниси до 15.000 евра со еден процент годишна камата,изјави Милевски.
Програмата, додаде, предвидува и сновање трговски друштва со само едно евро почетен капитал.
Ново на Сител
-
Мртво бебе пронајдено во корпа за отпадоци во Подгорица, мајката е уапсена
-
ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари
-
Од среда нестабилно со локален дожд и снег
-
Русија останува отворена за дијалог за решение на конфликтот во Украина
-
Се обидел да силува и истепал болна жена роднина, соседот го затекнал па го истепал и него
-
Пожар изби наспроти „Американ колеџ“ во Аеродром
-
Рекорднo намалување на бројот на склучени бракови минатата година во Кина
-
Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб