Милер: САД не гледаат акти на геноцид во Газа
САД не забележаа дела што би претставувале геноцид во Газа, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во врска со барањето на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата (МСП) акциите на Израел во Појасот Газа да ги прогласи за геноцид.
-Ова не се обвинувања што треба така лесно да се изнесуваат. Не гледаме никакви акти што претставуваат геноцид, рече Милер.
Портпаролот на Стејт департментот, исто така, кажа дека не е во позиција да процени дали во палестинската енклава биле извршени воени злосторства или злосторства против човештвото, пренесуваат британските медиуми.
Во поднесокот на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата се наведува дека Израел ја прекршил Конвенцијата за геноцид од 1948 година, што беше составена по холокаустот, а се однесува на обидот за уништување на народ целосно или делумно.
Јужна Африка бара од МПС да издаде привремени мерки со кои на Израел ќе му се наложи да ги прекине своите воени активности во Газа, за кои се наведува дека се неопходни за да се спречи сериозна и непоправлива штета на правата на палестинскиот народ.
Судот закажа јавни сослушувања за ова прашање за 11 и 12 јануари, додека Израел истакна дека ќе се брани од сите обвиненија. Од 7 октомври во Газа се убиени над 22.
000 Палестинци, а 2,3 милиони жители на енклавата се соочуваат со хуманитарна катастрофа, пишуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество