Милер е назначен за специјален советник при истрагата за Русија
Американското Министерство за правда го назначи поранешниот директор на ФБИ Роберт Милер за специјален советник за надгледување на сојузната истрага за наводната координација меѓу Русија и предизборната кампања на претседателот на САД Доналд Трамп во 2016 година.

Назначувањето се случи во момент кога демократите повикуваа да се одреди лице кое е надвор од Министерството за правда да ја води истрагата, поради, наводната политички обоена истрага.
Министерството за правда на САД соопшти дека Милер поднел оставка во приватната адвокатска фирма со цел да може да ја преземе работата на специјален советник.
Милер беше именуван за директор на ФБИ во 2001 година, а се пензионираше во 2013 година. На неговото место беше назначен Џејмс Коми.
Трамп минатата недела го разреши Коми од позицијата директор на ФБИ, кој ја водеше истрагата за наводната вмешаност на Русија во американските претседателски избори во ноември 2016 година.
Именувањето на Милер следеше откако медиумите објавија дека Коми навел во записот дека Трамп на состанокот во Белата куќа во февруари побарал да се оконча истрагата за неговиот поранешен советник за национална безбедност Мајк Флин, а Белата куќа го негираше тврдењето.
Ново на Сител
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
-

Засилени контроли во постапувањата на конзерваторските одобренија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
-

Хуманитарен пикник на „Алкалоид” – 2,2 милиони денари за Клиниката за детски болести „Козле”
-

ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер со владината реконструкција
-

Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Бугарија
-

„Дозволуваме поединци да се богатат со уништување на нашето богатство“, велат од „Анима Мунди“ за ловот на дивеч
