Живот
14. October 2018 - 12:01

Милена го обожавала својот народ: Се откажала од автомобил за да му плати операција на непознато момче

Актерката Милена Дравиќ почина на своја 79-годишна возраст по долгата и тешка болест. Таа беше дива, неверојатна актерка која со својата енергија и широка насмевка разорожувала апсолутно се. 
 
Зад себе остави бројна фредна филмска, серијска, телевизиска и театарска кариера. По феноменалните улоги ќе ја паметиме оваа актерка која во неколку наврати покажала колку е племенита. 
 
Тоа што сигурно не сте го знаеле за неа, е дека заедно со животниот сопатник Драган Гаго Николиќ, му дале на момче пари кои му биле потребни за операција. 
 
Имено, Милена Дравиќ и Драган се занимавале со хуманитарна работа, иако никогаш не зборувале за делата кои ги правеле. Така актерите своевремено се откажале да купат автомобил и парите  кои биле наменети за тоа му помогнале на момчето за кое слушнале на телевизија. Кога го виделе прилогот за момчето кое итно му била потребна операција, сфатиле дека автомобил сега не им е потребен и дека парите треба да ги вложат во нешто корисно. 
 
Милена поради бројните улоги често патувала. Благодарение на филмото „Мистерија на организмот“, Милена своевремено псисуствувала на Канскиот фестивал. =