Милена Дравиќ во болница, актерката во лоша здравствена состојба

Прославената српска актерка Милена Дравиќ (76) е хоспитализиран во една приватна болница во Белград каде и се вршат испитувања.
На српската актерка по смртта на сопругот Драган Николиќ здравјето и е нарушено, па лекарите одлучија дека е добро во овој момент да биде згрижена во болнциа и да има целосна нега.
Тим од најдобри лекари моментално се грижи за нејзиното здравје и се обидува да и помогне да ги надмине здравствените тегоби, кои се засилени поради загубата на сопругот, а на помош и пристигнаа и колеги од Франција.
Нејзините пријатели се надеваат дека наскоро ќе излезе од болница и ќе продолжи да го работи она што најдобро го знае и умее, а тоа е да снима филмови и серии.
Пред 7 ипол месеци почина нејзината голема љубов Драган и таа оттогаш се обидува барем малку да ја надмине болката.
Пријателите и колегите се трудат да и помогнат колку можат, а неодамна доби понуда да игра во филмот на Милан Караџиќ „Бисерот на Бојана“.
Ново на Сител
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
