Македонија
30. September 2016 - 9:50

Миле Хаџиски тврди дека е невин за убиството, бара повторено судење

Миле Хаџиски, скопјанецот кој е осуден на 20 години затвор за убиството на Мери Јошеска, вчера се обрати пред Судот. Како што пишува Дневник, казната во декември лани е идентична со таа што судот му ја изрекол во 90-те. Прво доби 15 години затвор, па 20 во отсуство.

Хаџиски на свиреп начин ја убил Мери Јошеска со која бил во врска, на 18 јуни 1993 година. 

- Знам дека сум грешник и не треба да живеам. Грешката беше што ме натераа да си заминам од Франција. Не останав да докажам дека сум невин, рече тој пред судот.

Бранителите и понатаму на ставот дека има пропусти во пресудата на првостепениот суд. Според нив нејасно е зошто не е извршена токсиколошка анализа, и анализа на крвта.

И мајката на Хаџиски достави жалба до Судот.

На судењето не присуствуваа од семејството Јошески.