Милатовиќ денеска официјално станува нов претседател на Црна Гора
Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска ќе положи заклетва во црногорскиот Парламент и ќе стапи на должност претседател на државата, а присуството на неговата инаугурација го најавија лидери на повеќе земји од регионот, меѓу кои и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. Присуството на претседателот на Србија, Александар Вучиќ се уште не е официјално потврдено.
Според црногорскиот Устав, новоизбраниот претседател положува заклетва на денот кога му истекува мандатот на неговиот претходник, а церемонијата на инаугурација ќе почне во 12 часот.
Поради доаѓањето на голем број високи функционери, нивото на безбедност во Подгорица е подигнато на повисоко ниво, патиштата во центарот на градот ќе бидат затворени за сообраќај во поголемиот дел од денот, додека полицијата најави зголемено присуство на сите раскрсници.
Милатовиќ доминантно го победи Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори на почетокот на април, освојувајќи 60 отсто од гласовите. Уставот на Црна Гора предвидува претседателот на државата да се избира на непосредни избори на пет години.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра