Милановиќ: Тоа што се бара од Македонија е влегување во интимен простор и тоа не се прави
Македонија се наоѓа во една невозможна позиција во процесот на евроинтеграциите. Се работи за условите кои им се поставени во една, релативно зрела фаза на преговорите со ЕУ, а се однесува на содржината во некои учебници по историја. Тоа е влегување во интимен простор и тоа не се прави, и на тоа, отворено ќе се спротивставам, изјави претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ по самитот, на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ.
Нашата улога тука, посочи Милановиќ, е да им помогнеме на нашите соседи од регионот во процесот на евроинтергациите.
– Не се сите на исто ниво во напредокот на преговорите. Некои се понапред, некои се поназад. Македонија се наоѓа во една невозможна позиција. Тоа е тема, што воопшто не ја допревме на денешните разговори, ниту во текстот на заедничката декларација, ниту пак Македонците на тоа воопшто инсистираа. Се работи за условите кои им се поставени во една, релативно зрела фаза на преговорите со ЕУ, а се однесува на содржината во некои учебници по историја во Македонија, рече Милановиќ.
Тој посочи дека и Словенија и Хрватска имале многу жив и динамичен однос, каде Словенија поставувала некои услови, но, како што рече, никогаш не чувстувал или гледал дека Словенија сака да и наштети на Хрватска или да ја спречи или понижи.
– Ова што сега е официјална политика на една земја-членка на ЕУ и го прави на Македонија и јас го нарекувам „влегување во туѓо“, односно влегување во интимниот простор. Да се бара од една земја кандидат, која и во преговори за членство, во учебниците по историја својата национална генеза да ја дефинира, онака како што тоа го бара соседна држава. Тоа е влегување во интимен простор и тоа не се прави. И, на тоа, отворено ќе се спротивставам, рече Милановиќ.
Имаме, нагласи тој, искуство во тоа и не можеш да преминеш преку се.
– Некогаш цврсто се бориш за своите интереси, бараш решение, но ако целта ти е да го уништиш послабиот од себе, само затоа што е послаб. Тоа никогаш не завршува добро. Тоа е една од пораките кои денеска не ја испративме во текстот на заедничката декларација. Разговаравме за граници и не некои нон-пејпери, а не со работи кои се од егзистенцијална важност за земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ, изјави Милановиќ.
Ново на Сител
-
Убиен 27-годишник во Белград
-
Институтот за јавно здравје издаде препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето
-
Сиљановска Давкова: Турскиот јазик и култура се скапоцен дел од македонската мултикултурна ризница
-
Билд: Расте бројот на жртви - четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург
-
ФИФА потпиша договор со Нетфликс за двата следни женски фудбалски мундијали
-
Во Црна Река 64-годишен маж пронајден мртов во автомобил
-
Безбедносни извори: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист
-
Меџити: Груби не е во Косово, туку во Албанија