Милановиќ победи во сите хрватски жупании, Приморац само во странство, двајцата одат во вториот изборен круг
Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во сите хрватски жупании, а најмногу гласови доби во Истра, Меѓумурје и Вараждин, додека кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, победи само во странство, покажуваат вечерва објавените резултати на хрватската Државна изборна комисија (ДИК).
Според последните податоци, врз основа на речиси 99 отсто обработени избирачки места, Милановиќ убедливо води, но падна под 50 отсто од гласовите. Тоа значи дека за две недели ќе се оди на втор круг, каде противник ќе му биде второпласираниот Драган Приморац, кој освои многу помалку гласови - 19,5 отсто.
Трета е независната кандидатка Марија Селак Распудиќ со 9,16 отсто од гласовите.
Последните резултати покажуваат дека Милановиќ има најмногу гласови дури и во окрузите кои важат за тврди упоришта на ХДЗ и на десницата, како што е Личко-Сењската. Речиси 40 отсто од оние што излегле на гласање гласале за Милановиќ во таа жупанија, а 35,11 отсто за Приморац.
Актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ им се заблагодари на гласачите на социјалната мрежа Фејсбук.
„Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Милановиќ.
Вториот изборен круг ќе се одржи на 12 јануари.
Во Хрватска денеска се одржа последниот чин од таканаречената суперизборна година - осми избори за претседател на државата - се одржа првиот круг од претседателските избори, по парламентарните избори во април и европските во јуни, на кои учествуваа осум кандидати.
Се гласаше на нешто повеќе од 6.500 избирачки места, а право на глас имаа 3.762.224 гласачи.
Од независноста на Хрватска, Фрањо Туѓман и Стјепан Месиќ беа претседатели во два мандата. По еден мандат освоија Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ. Актуелниот претседател Зоран Милановиќ на овие избори се бори за втор мандат.
Ново на Сител
-
Поднесени кривични за две лица од Делчево осомничени за „предизвикување општа опасност“ и „бесправно градење“
-
Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица
-
Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка
-
Скопјанец приведен за семејно насилство
-
70-годишен велосипедист од Охрид тешко повреден во сообраќајка
-
43-годишник почина по каснување од пчели во гостиварско
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Покрај Крмзов обезбедени уште две лица - Обвинителството за утре најави брифинг за случајот