Милановиќ: Ќе ги повлечам сите војници од Украина, тоа нема никаква врска со Украина, туку со политиката на Бајден
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, на прашањето за коментар за конфликтот во Украина рече дека не знае ништо за таков конфликт.
-НАТО го засилува своето присуство, ние немаме ништо со тоа, ниту ќе имаме ништо. Доколку дојде до ескалација, ќе се повлечеме до последниот хрватски војник. Тоа нема никаква врска со Украина, туку има со политиката на Бајден, гледам недоследност и опасно однесување.
Постојат начини да се спаси Украина, барем 99 отсто, а тоа е да и се помогне економски, рече Милановиќ.
Кога си замина Трамп, кој беше нападнат од демократите дека се однесува како дадилка кон политиката на Путин, новата администрација, под притисок на републиканските јастреби, одеднаш изврши притисок врз Пентагон и Бајден да застанат цврсто против Русија. Гледам силен руски интерес. Ја гледам и Украина. На Украина не и е местото во НАТО, тие се една од најкорумпираните земји во светот.
Мир. треба да се смири политичката сцена и да не се допушти екстремистите да вршат притисок на политиката зошто Хрватска во тоа нема да учествува. Нема да дозволам, а Пленковиќ колку сака нека и се заканува на Русија. Освен што двапати ја посетил Украина, не знае што се случува. Хрватска треба да избега од тоа, кога има пожар – затвори ја вратата, додаде Милановиќ.
Ново на Сител
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио