-->
-->
Милан си ја убил сопругата, па скокнал под воз
-->
Милан Л. (46) кој вчера ја уби својата сопруга Олга Л. во Центарот за социјална работа во Нови Сад извршил самоубиство.
Како што пишува српски „Ало“, Милан по бруталното убиство побегнал од Центарот и се упатил кон пругата каде скокнал под воз.
За потсетување, Милан вчера имал закажано контролиран состанок со поранешната сопруга Олга во Центарот за социјална работа. Тој го паркирал автомобилот, влегол во салата каде што го чекала Олга и пред очите на нивните три деца ја нападнал со камен и ја убил.
Тој потоа заминал од Центарот, а полицијата веднаш почнала потрага под него.
По суровото убиство, Милан се упатил кон пругата, каде скокнал под воз, Неговото тело го пронашла екипата на Брза помош, два часа по полноќ.
На оваа трагедија и претходело долгогодишно семејно насилство, поради кое Милан бил и во затвор.
Првиот пат бил затоа што ја тепал Олга, а вториот пат завршил во затвор две години затоа што го претепал најстариот син.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19
-
Македонската репрезентација со еден гол негатива на полувремето против Австрија
-
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!