Се закачила сајлата
-Викаше: „Другар ми е внатре, помогнете ми, ве молам, да излезе!“ Се вратив и го видов момчето на задното седиште. Автомобилот веќе до половина беше потонат од предната страна. Се качив за да ја отворам вратата од багажникот, но од сајлата од бродот која се закачила за брисачите неможев. За тоа време, момчето внатре викаше, молеше да му помогнеме. Беше преплашен! Никако не успеав да ја откачам сајлата и тогаш стигнаа некои луѓе со чамци. Ми рекоа да се тргнам од автомобилот и тие пробаа со весло да го скршат стаклото од багажникот, но автомобилот потона, раскажува потресеното момче.
Според неговите зборови, после тоа на момчето во автомобилот му немало спас зошто Дунав на тоа место е длабок колу 5 метри.
-Девојката не престануваше да плаче и да го довикува другарот. Се тресеше од стрес и постојано повторуваше: „Го убив другарот, и јас ќе се убијам“. Беше многу ужасно. И мене сега не ми излегува од глава сликата од момчето како вика од автомобилот и моли да му помогнеме. Цела ноќ немам спиено...Ни јас не можам да си простам себеси што не направив нешто повеќе за да го извлечам од возилото, раскажува Марко со расплакани очи.
Несреќа на Ада Хуја
Како што дознаваме, против Милица Л. ќе биде поднесена кривична пријава заради тешко дело против безбедноста во сообраќајот. Инаку, во ноември 2014 година настрадале тројца млади, откако во Дунав влетаа со БМВ токму на Ада Хуја.
Се сликале половина час пред несреќата
Последното селфи на најдобрите другари
Милан и Милица пред несреќата биле во кафуле, сакајќи да го прослават почетокот на распусто. Потоа отишле на Дунав. Само половина час пред трагедијата, Милица на Инстаграм закачила нивна заедничка слика со порака: „Најјак пријател, навалете девојчиња“.
Имал пробна дозвола, го возел автомобилот на сестрата
Настраданиот младен имал положено возачки испит и возел со пробна дозвола. Според непотврдените информации, автомобилот во кој се удавил припаѓал на неговата сестра. Инаку, Милан активно играл фудбал. Прво настапувал за ФК Болеч, а потоа и за Црвена Звезда од Мали Мокри Луг. Одел во Средното економско училиште во Белград.