Милан Радоичиќ пуштен од притвор
Милан Радоичиќ, осомничениот за вооружениот конфликт во Бањска, е пуштен од притвор.
Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград, откако го сослуша обвинетиот М.Р. за причините за определување притвор, го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да определи притвор од правни причини пропишани со член 211 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка, односно поради опасност од бегство, Вишиот суд соопштија во Белград.
Воедно, како што се наведува, за обвинетиот М.Р. одредена му е мерка забрана за напуштање на местото на живеење со која му е забрането да ја напушти територијата на Р.Србија без одобрение на суд и му е забрането да оди на територијата на Косово и му е наредено да се јави во надлежна полициска станица на 1 и 15 секој месец.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев