Милан немоќен против Фиорентина

Милан го забележа четвртиот пораз во само шест кола во Серија А, уште еднаш ставајќи ја во неизвесност иднината на тренерот Марко Џампаоло, откако дома загубија со 1:3 од Фиорентина по што се 16. место на табелата.
За Милан ова е трет пораз во низа во лигата, додека Фиорентина под Винченцо Монтела сега има две победи едноподруго.
Виола дојде во водство на „Сан Сиро“ по само 14 минути игра, кога Ерик Пулгар стрелаше од белата точка, но клучниот момент на мечот беше во 55. минута, кога Матео Музакио доби директен црвен картон, оставајќи ги „росонерите“ со 10 играчи.
По ова следуваше колапсот на домаќините – Гаетано Кастровили во 66. минута зголеми на 0:2, а во 70. минута гостите имаа совршена шанса за 0:3, но Федерико Киеза од пенал не успеа да го совлада Џиџи Донарума. Само осум минути подоцна Киеза се „поправи“ со асистенција за Франк Рибери за 0:3. Рафаел Леао во 80. минута го постигна утешниот гол за Милан.
Ново на Сител
-

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната
-

Андоновски: Не забрана, туку родителска контрола на социјалните мрежи кои ги користат малолетниците
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
