Милан го совлада Сасуоло

Милан, конечно, оствари резултат каков што очекуваат многубројните фанови на „росонерите“, откако на гостувањето кај Сасуоло победи со 4:1 за втор триумф во новата сезона и намалување на притисокот на тренерот Џенаро Гатузо.
Без повредениот Гонзало Игуаин, и со проблематичните Патрик Кутроне и Фабио Борини, други фудбалери ја искористија својата шанса. Френк Кеси во 39. минута го отвори резултатот, откако ја собра топката од својата половина и имаше одличен пробив за да постигне убав гол. По него, во 50. минута, Сусо го постигна својот прв гол по 1.728 минути игра (последен пат стрелаше на 4 февруари против Удинезе), за во 60. минута, Самуел Кастилехо да зголеми на 3:0.
Сасуоло успеа само да го намали поразот со голот на Ѓуричиќ во 69. минута, а Сусо во 93. минута стави точка на натпреварот.
Со победата на „Мапеи“ се стави крај на лошата низа на Милан во дуелите со Сасуоло – тројца тренери ги загубија работите по мечевите со тој клуб. Макс Алегри беше отпуштен по 4:3 поразот на гости на 12 јануари 2014, Кларенс Сидорф победи со 2:1 мај 18 мај 2014, но тоа му беше последниот меч на клупата, додека Пипо Инзаги на 17 мај 2015 загуби со 3:2 и договорот не му беше продолжен.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
