-->
-->
Милан без Бенасер до крајот на сезоната
-->
Ланскиот италијански фудбалски првак Милан објави вчера дека до крајот на сезоната ќе биде без повредениот алжирски репрезентативен играч за врска Исмаел Бенасер (25).
Алжирецот се повреди на вчерашниот прв полуфинален натпревар во Лигата на шампиони против градскиот ривал Интер (0-2).
Бенасер го напушти теренот во 18 минута, а со денешните прегледи е констатирано дека ќе мора да му биде направена артроскопска операција на десното колено.
На четири кола до крајот на сезоната во Серија А, Милан е петтопласиран со 61 бодови, два помалку од Интер на четвртото место, кое последно обезбедува виза за Лигата на шампиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
