Мила Рељиќ освои златен медал на Астерикс Опен 2019
Во првото коло Мила со технички нокаут при резултат од 34:6 ја победи Марија-Елени Стергиу од Грција, во полуфиналната борба ја победи Даница Делиќ од ТК Херкулес од Србија со високи 16:1, а во финалето издвојува победа и над извонредната Сандра Стамевски од ТК Империум со 4:3 која во својата кариера има неколку медали од најсилните Г1 турнири. Ова е одличен резултат за Мила, со тоа и ако се земе предвид дека и малку фалеше да биде прогласена за најдобра јуниорска натпреварувачка. Имена во вкупната класификација за најдобра натпреварувачка Мила имаше позитива од 44 поени разлика во само 3 победи, додека првопласираната Напилона Бобогијани (Јуниорки -55кг) имаше 25 поени разлика но од вкупно 4 победи поради поголема број пријавени учеснички во својата категорија. Последнава година Мила има освоени бројни медали и учества на меѓународни натпревари:
- Учество со поминато прво коло на меѓународен натпревар Софиа Г1 Опен натпревар, 03.03.2018, Софија, Бугарија
- Сребрен медал на меѓународен натпревар Омега Опен, 10.03.2019, Белград, Србија
- Златен медал на меѓународен nатпревар Скопје Опен 2018, 21.04.2018
- Златен медал на меѓународен натпревар ТопЏим Тирана Опен 2018, (05.05.2018), Тирана, Албанија
- Бронзен медал на Балканско Првенство (20-22.09.2018), Букурешт, Романија
- Златен медал на меѓународен натпревар Хереја Опен 01-02.12.2018, Софија, Бугарија
- 5 место на Европско Клубско Првенство 28.02-03.03.2019, Солун, Грција
- Златен медал на Омега Опен 9 март 2019, Белград, Србија,
- 6 место на МултиЕвропски Игри, 20-23.03.2019, Софија, Грција,
- Златен медал на меѓународен натпревар Скопје Опен, 07.04.2019
- Учество на Софиа Опен Г1 натпревар, 20-23.04.2019, Софија, Бугарија
Од ТК Тигри-Скопје, учество земаа уште неколку натпреварувачи во најсилната А класа (Виктор Петковски Кадети -45кг; Александра Крстиќ – Јуниорки -55 кг; Тамара Младеновска – Јунирки – 63кг) кои покажаа одлични борби но не успеаа да се закитат со медали.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација