Македонија
20. May 2021 - 16:38

Мијалков останува во притвор, Кривичниот суд го одби барањето и понудената гаранција

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, останува во притвор. Кривичниот суд не ја прифати понудената гаранција од скоро 11 милиони евра со која Мијалков бараше да биде пуштен на слобода.

Иако обвинителството се согласи тој да го напушти истражниот затвор, судот во предвид ги зел и двете затворски казни за Мијалков, па Кривичен оценил дека гаранцијата не била доволен основ за укинување на притворот.

„На постоење на опасноста од бегство, упатува и фактот дека обвинетиот по определување на мерката куќен притвор, повеќе од 24 часа беше недостапен, што води до заклучок дека по прифатената гаранција и укинување на притворот, може повторно да биде недостапен на органите на прогон“, информира Кривичен.

Од судот додаваат дека претходно обвинителството се противело да се укине притворот за Мијалков во замена за финансиска гаранција. Последната, од близу 11 милиони евра, обвинителството ја оцени како прифатлива.

За Екс директорот на УБК изречени се две затворски казни од 8 и 12 години во предметите Трезор и Таргет-Тврдина.