Македонија
22. February 2024 - 16:33

Мијалков ослободен од вина во „Трезор“, немало докази дека го оштетил државниот буџет

Сашо Мијалков е ослободен од вина во предметот „Трезор“.. Обвинителството не докажало дека поранешниот директор на УБК го оштетил државниот буџет со набавката на комуникациска опрема за петтата управа, па според Кривичниот суд нема ниту вина кај Мијалков. Според судијата Имране Селмани, наместо вештачење, обвинителот имал само претпоставки дека Мијалков го оштетил буџетот за над 800 илјади евра.

Критиките ги слушна и обвинителот Артан Ајро кој по објавување на пресудата ги одбегна медиумите и од судницата излезе преку споредна врата.

За одбраната, ослободителната пресуда е доказ дека случајот бил монтиран.

Освен Мијалков, во Трезор беа обвинети и полициските началници Грујевски и Јакимовски. Со денешната пресуда и тие се ослободени од вина. Претходно, за овој случај сите беа осудени на затвор од 5 до 15 години, но Апелациониот суд побара ново судење бидејќи немало докази дека обвинетите ја злоупотребиле положбата.

Со одлука на судот, денеска од вина е ослободен и Антонио Милошоски кој беше обвинет во случајот Моќник. Заради измените во Кривичниот законик настапила апсолутна застареност на дела за кои криивчно се гонеа обвинетите во овој случај.