Фудбал
25. August 2015 - 8:30

Михајловиќ го врати Балотели во Милан

Контроверзниот напаѓач Марио Балотели се враќа во Милан откако Ливерпул се согласи да го пушти на позајмица. 

Балотели токму од Милан замина во Ливерпул за сума од 16 милиони евра, а росо-нерите сега ќе платат 2,25 милиони без право на откуп на договорот. 
Балотели е во моментов во Бреша кај фамилијата а од вторник почнува со тренинзи со право да заигра уште во сабота.