-->
-->
Михаил Давитковски го фати крстот во водите на Крива Река
-->

Чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – одици започна со света божествена литургија во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во центарот на градот, со која чиноначалствуваше архиерејскиот намесник на Кривопаланечкото намесништво, Александар Смиљков, по што во дворот на црквата беше осветена вода.
Од црквата свештенството и верниците се упатија кон големиот мост на Крива Река, каде по осветување на водите, во нив беше положен светиот крст.
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, со поздравот „Бог се јави – навистина се јави“, им го честита големиот христијански празник Богојавление-Водици на бројните присутни верници, а на Давитковски му додели подарок од општината, телевизиски приемник.
Како и секоја година, традиционално, награда за среќникот кој го извлече крстот од осветените води, таблет, доделија и Аптеки “Зегин”.
За сите присутни граѓани на платото пред зградата на локалниот музеј беа поставени неколку пунктови со топли напитоци што ги обезбеди Општината, а логистичка поддршка пружија волонтери од Црвен крст – општинска организација Крива Паланка
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач