Македонија
5. March 2020 - 21:39

Мигрантите во тампон зона меѓу грчките и турските безбедносни сили

Турција распореди илјада специјалци долж границата со Грција. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека мерката е превземена во обид да се спречи враќањето на мигрантите кон нејзината територија, критикувајќи го грчкиот однос кон бегалците.

„Тие повредија 164 лица. Се обидоа да вратат назад во Турција четири илјади и 900 луѓе“

Атмосферата на границата кај селото Кастаниес денеска е мирна, но тензична. Грција вели дека е решена да ги брани своите граници, а владата донесе одлука да ги депортира сите мигранти што илегално дошле на нејзината територија по 1-ви март.

Состојбата на грчко – турската граница денеска од Скопје ја коментираше и претседателот на австрискиот Национален совет, кој вети поддршка за земјите од западен Балкан доколку дојде до ескалирање на кризата.

Соботка подвлече дека земјите од западен Балкан многу помагаат во менаџирањето на новонастанатата ситуација, потенцирајќи дека неговата земја го поддржува зајакнувањето на капацитетите на Фронтекс.