-->
-->
Мигранти се собираат кај Солун за да тргнат на север, судири со грчката полиција
-->

Меѓу мигрантите и полицијата избија судири кај кампот.
Полицијата соопшти дека повеќе од 500 луѓе, вклучувајќи и семејства со деца, се собраа денеска на пченкарно поле кај мигрантскиот камп Диавата, на околу 10 километри западно од Солун, како и дека некои поставиле шатори. Десетици други пристигнуваат пеш, вели Асошиејтед прес.
Подоцна околу 200 мигранти се судрија со полицијата за немири откако се обиделе да го пробијат кордонот. Тие фрлаа камења кон полицајците, кои одговорија со солзавец и шок-бомби.
Мигрантите рекле дека одговараат на анонимен повик на социјалните мрежи да стигнат до грчката граница со Македонија, оддалечена 60 километри, и да се обидат да ја пробијат оваа граница, а потоа повторно да тргнат по мигрантската балканска рута, која беше цврсто затворена во 2016 година.
Агенцијата на ОН за бегалци ги предупреди имигрантите да не упатуваат повици преку социјалните мрежи, велејќи дека нерегуларните премини преку граница се „ризични и опасни“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка