-->
-->
Мигранти планираат да постават шатори пред Парламентот во Атина
-->
Мигрантите, кои по затворањето на балканската бегалска рута останаа заглавени во Грција, планираат да организираат протести пред зградата на Парламентот во Атина, објави електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“.
Весникот наведува дека група Сиријци и Ирачани сместени во импровизираниот бегалски камп на пристаништето во Пиреја, размислуваат да постават шатори на атинскиот плоштад Синтагма, каде што се наоѓа грчкиот Парламнет, но дека се уште не донеле конечна одлука за тоа.
„Прото тема“ пишува и дека во последните 24 часа на грчките острови во Егејското Море не пристигнал ниту еден мигрант или бегалец, што е прв ваков случај во текот на овој месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати