Балкан
24. March 2016 - 18:54

Мигранти организираа протестен марш низ центарот на Сoлун

Група мигранти која во моментов се наоѓа во Грција, организираше денеска протестен марш низ центарот на Солун поради затоворањето на границите. 

Демонстрантите носеле вреќи за спиење и багаж, пренесува АНА. 

Мигрантите носеле и транспаренти со натписите: „Не за концентрациони логори никаде и никогаш“, „Азил и засолништа за бегалците“, „Затвор за фашистите“. 

Мигрантите имаат намера да се задржат во Солун до два дена со цел да ја подигнат свеста за важноста на нивните барања за азил, потребата за засолништа и отворање на границите за да можат да го продолжат патот кон другите земји во Европа.