-->
-->
Мигрант од Сенегал доби на лото во Шпанија
-->
Мигрант од Сенегал освои добивка од 400.000 евра на шпанската божикна лотарија во Андалузија, каде повремено работел во стаклените градини, соопштија денеска локалните медиуми.
- Не можам да верувам, немав ни пет евра во џеб, вели возбудено 35-годишниот добитник Нгаме, кој живее во туристичкиот град Рокетас де Мар, а во моментов е без работа.
Тој објасни дека пред осум години дошол со сопругата на шпанскиот остров Тенерифе во импровизиран чамец, по што преминал во покраината Алмерија.
- Бевме 65 во тој чамец и овде сме благодарејќи на Шпанците кои не спасија откако бевме во вода по претрпениот бродолом, објаснува сречниот добитник.
Тој повремено работел во стаклените градини во Рокетас де Мар, но сега е без работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани