Тенис
7. September 2017 - 18:32

Мицов по голема борба остана без четвртфинале во Нови Сад

Македонскиот тенисер Стефан Мицов го загуби мечот во второто коло на фјучрсот во Нови Сад од Даниел Апелгрин од Шведска. Тој по три часа и 19 минути загуби со 2-1 во сетови (7:5; 6:7 (5:7) и 6:3). 
Нашиот тенисер добро го почна мечот и имаше водство од 5:2 во гемови, но му дозволи на противникот серија од пет гема и водство од 1-0  во сетови. Вториот сет Мицов го доби во тај брекот, а во решавачкиот Апелгрин поведе со 5:0 во гемови шт беше решавачко за триумфот.
Мицов за пласманот во второто коло на овој фјучрс ќе добие еден поен.