Мицотакис: Спречувањето на почетокот на пристапни разговори е дестабилизирачки фактор за Балканот
Ако се погледне целокупната слика, спречувањето на почетокот на пристапни разговори е дестабилизирачки фактор за Балканот, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во интервјуто за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ во пресрет на неговата денешна посета на Рим, одоговарајќи на прашањето дали стравува дека француското вето за Македонија и Албанија, би можело да го дестабилизира Балканот, јави дописничката на МИА од Атина.
-Се плашам дека беше грешка. Ќе има притисоци врз Франција за повторно да размисли. Владата во Париз предлага план за одново разгледување на внатрешниот процес за интеграција и постојат некои валидни точки во она што го кажува Емануел Макрон. Но, ако се погледне целокупната слика, спречувањето на почетокот на пристапни разговори е дестабилизирачки фактор за Балканот, вели грчкиот премиер.
Мицотакис, денеска во Рим ќе се сретне со неговиот италијански колега, Џузепе Конте, а според грчки владини извори, една од темите за која што ќе разговараат ќе биде и европската перспектива на Западен Балкан и потребата процесот да остане жив.
Според истите извори, на средбата на двајцата премиери ќе стане збор и за гасоводите TAP и EastMed, а акцентот ќе биде посебно ставен на мигрантската/ бегалската криза и за координацијата што е потребна на европско ниво.
Конте и Мицотакис ќе разговараат и за билатералните односи меѓу Грција и Италија и за перспективата за нивно дополнително зајакнување, особено во економијата, трговијата и енергетиката и можноста за италијански инвестиции во Грција
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико