Мицотакис: Наш приоритет е заштита и зајакнување на македонските производи
На промоцијата, заштитата и зајакнувањето на производите од Северна Грција што го носат називот „македонски производи“ и на брендот „Македонија“, се осврна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор за време на синоќешното отворање на 84-от Меѓународен саем во Солун, jави дописничката на МИА од Атина.
-Апсолутен наш приоритет, за тоа многу пати имаме разговарано и со префектот, е заштита и зајакнување на македонските производи со формирање и меѓународно сертифицирање на еден колективен бренд за нив. Ќе го заштитиме брендот „Македонија“, вистинската Македонија, автентичната Македонија и ќе го поддржиме со една голема комуникациска кампања. За производите, ова ќе ги наведува, веќе без сомнежи, нивниот квалитет и нивното потекло наспроти секој конкурент. Конкретниот модел успешно беше испробан и за производи од Крит и да им даде нов импулс на производите од Македонија на пазарите во странство, рече Мицотакис, во делот од говорот што се однесуваше на Северна Грција.
Во 75-минутното обраќање, грчкиот премиер, акцентот го стави на развојот и економијата, како клучни за секој чекор на Грција, но и услов за безбедноста и просперитетот на земјата.
За брендот „Македонија“ и „македонските производи“ говореше и заменикот министер за внатрешни работи на Грција, надлежен за Македонија и Тракија, Теодорос Караоглу во неговото обраќање, кусо пред обраќањето на Мицотакис. Рече дека „заштитата на македонските производи е на врвот на нивниот интерес“.
-Нашите иницијативи имаат двојна цел. Од една страна, промоција на брендот „Македонија“ како име-идентитет што ќе ги комбинира сите компаративни предности на регионот, а од друга страна заштита на илјадниците бизниси во Северна Грција кои во нивните имиња ги користат термините „македонски, македонска, македонско“. Овие компании веќе знаат дека не се сами, рече Караоглу.
Ново на Сител
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
-
НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
-
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево
-
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
-
Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
-
Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините
-
Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата