Мицотакис на Самитот во Софија ја потврди поддршката на Грција за европерспективата на регионот

Посветеноста на Грција на Агендата од Солун и поддршката за европската перспектива на земјите од регионот, ги повтори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на неговото учество, преку видеоконференција, на Самитот за Западен Балкан во Софија во рамките на Берлинскиот процес, со кој претседаваат Македонија и Бугарија, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис во обраќањето нагласил дека трансформацијата на Западен Балкан во област на мир, стабилност, развој и просперитет е важна како за Грција, така за Европската унија.
Паралелно, истакнал тој, критичните прашања, како што се владеењето на правото, почитувањето на човековите права и правата на малцинствата, зајакнувањето на демократските институции, како и почитувањето на договорите, се предуслови за пристапниот процес на земјите од Западен Балкан.
Во овој контекст, според Мицотакис, исполнувањето на критериумите во процесот на проширување, вклучително и добрососедските односи согласно меѓународното право, се од клучно значење.

Во однос на пандемијата, Мицотакис истакнал дека глобалната здравствена криза ја истакнува меѓусебната зависноста и потребата од поширока соработка меѓу земјите од регионот, како и со Европската унија.
Ново на Сител
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
-

Облачно со локални врнежи од дожд
