Мицотакис: Ердоган е на погрешна страна од историјата бидејќи одбива да ја осуди Хамас како терористичка организација
Мислам дека претседателот Ердоган, некако како да е на погрешната страна на историјата кога одбива да ја осуди Хамас и вели дека е движење за либерализација, рече премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на конференцијата на „Економист“, но сепак истакна дека ќе направи сѐ што може за да се задржи позитивниот моментум во грчко- турските односи, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис, говорејќи за ситуацијата на Блискиот Исток уште еднаш повтори дека Израел има право на самоодбрана согласно меѓународното и хуманитарното право, истакна дека Хамас е терористичка организација, не го претставува палестинскиот народ, но и дека „не постои решение за кризата без стратешки пораз на Хамас“.
-Според мене единствено решение може да биде заживување на дијалогот за две држави. Со други зборови, правото на Палестинците да имаат своја држава, без да се загрозува правото на Израел да има своја држава“, појасни грчкиот премиер.
Во однос на ставот на Грција за резолуцијата на ОН, објасни дека се усогласиле со мнозинството европски земји, посочувајќи дека се обиделе да ја изменат, но не успеале да ги изгласаат нивните позиции и затоа гласале воздржано.
Ја потенцираше и важноста на хуманитарната помош и се осврна на разговорите за отворање на морски хуманитарен коридор, а истакна и дека е потребно да се гарантира дека арапските земји кои можат да играат улога во регионот нема да се дестабилизираат.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“