Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
За случувањата на Блискиот Исток, недвосмислената осуда на нападот врз Израел од Иран ќе биде придружена со повик од сите членки на Европскиот совет да направиме сè што е во наши раце за да се смири оваа криза, да не се прошири и да не добие карактеристики на регионален конфликт, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето на вонредниот Самит на ЕУ во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис изрази задоволство што на Самитот ќе се разговара и за ситуацијата во Либан, „која директно влијае и на Кипар, бидејќи има значителни бегалски бранови од Либан кон Кипар“.
Ги поддржуваме напорите на Република Кипар за да се запрат овие бранови, но во исто време да можеме и на Либан да му ја обезбедиме поддршката што му е толку потребна, за оваа земја, која многу има поминато, да може конечно да се стабилизира, порача Мицотакис.
Дополнително, рече дека ќе стане збор и за односите меѓу Европската унија и Турција и изрази задоволство за донесените заклучоци, „кои го препознаваат фактот дека односите меѓу ЕУ и Турција можат да напредуваат, но секогаш во рамките на одлуките на Европскиот совет кои се донесени во последните години“, но и задоволство што „напредокот на евро-турските односи се поврзува со напредокот што може да се постигне за кипарското прашање“.
Ново на Сител
-
Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства
-
Тешко повреден малолетен пешак во Куманово по удар на автомобил
-
Експлозија во магацин за пиротехника во Бугарија
-
Продолжи собраниската комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
Второто злато на ОИ 2024 за Кина
-
На „Богородица“ и „Табановце“ зголемен интензитет на сообраќај
-
СВР Скопје расчисти кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, кои се случија месецов, поднесени пријави против три лица
-
Унгарија го зема најголемиот кредит досега од Кина – Позајмица од милијарда евра