Мицотакис: Ципрас го премина Рубикон со признавањето македонска нација
Во интервју за Дојче веле, грчкиот опозициски лидер и претседател на Неа Демократија Кирјакос Мицотакис ја критикува владата на Алексис Ципрас поради признавањето на македонска нација.
„Нашиот голем проблем со овој договор е што поврзувањето на сите негови елементи го зајакнува ткн. 'македонски' иредентизам. Јас тука не мислам само на името. Мислам во прва линија на прашањата како јазикот и една македонска нација, кои преку овој договор- за првпат во историјата на преговорите со соседната земја- се признаваат. Во тој поглед господинот Ципрас го премина Рубикон. И признавањето на една македонска нација, како што се предвидува со овој договор, за нас е многу проблематично“, оценува грчкиот опозициски лидер.
Тој уште еднаш повтори дека неговата партија нема да гласа за Договорот од Преспа во грчкиот парламент.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
