Мицковски: ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот и уставното име
Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во синоќешното интервју за МТВ, осврнувајќи се на актуелните случувања во процесот на решавање на спорот со Грција, изјави дека тој лично и партијата се против промена на Уставот што ќе значи промена на уставното име.
Мицковски рече дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е надвор од процесот за решавање на прашањето за името бидејќи никој не ги поканил да биде дел од процесот, ниту има каква било информација што се случува официјално, ниту неофицијално.
- Можеме само да претпоставуваме што би било кога би било. Се согласувам дека годината почна интензивно, има доста информации, но сето она што ние го знаеме го дознаваме од медиумите и не би можел да кажам ниту детали ниту спецификации, кажа Мицковски.
Посочи дека е потребно достоинствено решение и што побрзо затворање на проблемот, но тој и партијата се против промена на Уставот и се залагаат за изјаснување на граѓаните на референдум.
Мицковски се осврна и на насилствата во Собранието на 27 април лани, оценувајќи дека тоа било најголемата штета на интересите на неговата партија.
- Ние тоа досега го имаме осудено неколку пати. Но, исто така, ја имаме осудено и акцијата која ја предизвика оваа реакција, а тоа е начинот на кој беше избран претседателот на Собранието, рече новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Најави дека ќе поднесат предлог-закон за амнестија до Собранието на осомничените за настанаите од 27 април. Мицковски не кажа дали и кога пратениците од опозицијата би можеле да се вратат во собраниските клупи. Рече дека како опозиција, тие се подготвени да и подадат рака на власта и преку конструктивност да работат за доброто на граѓаните, да се борат со аргументи и да ги поддржат оние предлозите кои ќе донесат подобар живот, со цел единство за заштита на националните интереси.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки