Мицковски: Стопанствениците во Радовиш погодени од недостиг на квалификувана работа сила и одлив на мозоци
Стопанствениците во Радовиш, но и во целиот регион се погодени од недостиг на квалификувана работа сила и одлив на мозоци, а тоа е заради лошите политика на Владата на СДСМ, оцени денеска претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски при посетата на компании во Општина Радовиш.
- Навистина е поразителна ситуацијата во државата, но и овде во Општина Радовиш. Разговаравме овде во компанијата Алфа инжињеринг, една од по успешните компании на ниво на општина Радовиш, разговаравме со сопственикот, околу реалната економска состојба, околу можностите, кои идната Влада на ВМРО ДПМНЕ ќе може да му помогне на стопанството, вели Мицковски.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ истакна дека последните податоци на Заводот за статисктика говорат дека во стопанството нема блескање, туку има рекорден пад на индустриското производство од 5,9 проценти.
Според неговите анализи четвртиот квартал ќе биде, како што рече очаен, во смисла на раст на Бруто домашниот производ (БДП), а кој ќе се движи меѓу нула и два проценти. Забележа дека во индустријата има и намалување на бројот на вработените.
Мицковски во текот на денот ќе има средба и со транспортерите од Општина Радовиш, потоа со граѓани и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Средбите и посетите со бизнис секторот, граѓаните и членството продолжуваат и утре во друга општина.
Ново на Сител
-
40-годишник од Скопје пијан ја тепал и гризел сопствената мајка
-
КЛ: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс
-
Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ
-
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Тешко повреден 43-годишник од Србија, со мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот
-
При ископ во с.Калишта, струшко била пронајдена артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна
-
Приведени две лица од Бугарија на ГП Табановце, при гранички проверки пронајдена е дрога
-
50-годишна скопјанка пријавила дека била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед